Фонтани

  • внатрешни фонтани:
    Внатрешните фонтани се погодни за уредување на куќи, станови и деловни објекти. Покрај луксузниот изглед, фонтаните креираат пријатен амбиент и го прочистуваат воздухот во просторијата. Кончар Инг ги изведува сите типови модерни внатрешни фонтани: по ѕид, по стакло, со пвц ленти, и аквариум фонтани.
  • надворешни фонтани
    Надворешните фонтани, по желба на инвеститорите, се соодветно осветлени и, во зависност од просторот и временските услови, во комбинација со млазници од тип на каскади, гејзери, фен млазници, прсти (фингерс), прстени (ринг), параболи, ѕвона и суви фонтани, како и можност за анимациони фонтани.
Опремата на фонтаните, млазници, лампи, пумпи и сл. се изработени од висококвалитетен полиран инокс.